Home / Вести / Градоначалниците од Југозападниот регион бараат енергетска правда

Градоначалниците од Југозападниот регион бараат енергетска правда

                       

            Денес во Битола се одржа  јавна расправа и презентацијата на активностите во рамките на проектот,, Just transition diagnostic” кој е финансиран од ЕУ.

 На јавната расправа  присуствуваа  градоначалниците од Битола , Могила, Новаци,   и Кичево како најзасегнати подрачја  од оваа транзиција и претставници од Технички факултет Битола, ЕУ делегација и Concept paper од Грција како проектни менаџери.

         Овој проект  се однесува на Регионите каде се користи јаглен и каде постојат термоцентрали за производство на електрична енергија кои треба да се транзитираат во наредните години кон производство на чиста енергија која нема да го загадува воздухот, водата, животната средина и нема да го  загрозува човековото здравје.

На состанокот беа идентификувани потребите за  воведување на енергетска правда на овие  подрачја, а беа  идентификувани и клучните работи кон кои  како локални самоуправи треба да се насочат градоначалниците во следниот период за полесно преминување во  користење на обновливи извори на енергија. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*