Home / Спорт / Грција останува главна база за тренинг за мото-кросистите

Грција останува главна база за тренинг за мото-кросистите

Најголем дел од македонската мото-репрезентација на Македонија, односно возачите кои се натпреваруваат во Источно- европскиот шампионат поради ладното време и немањето услови за тренинг во Македонија, викендите ги поминуваат во Грција.
На патеката во Толемаида, Грција, меѓу македонските репрезентативци беа Борче Костов – Жолтио, Христијан Илиевски – Кико, Адријан Ристевски со тренерот Сашо Илиевски.
-Во Македонија, односно на сите патеки на кои се натпреваруваме, нема никакви услови за тренинг. Големите вржени кои ја зафатија Македонија во почетокот на оваа година ги оштетија патеките во најголема мера. Ние како возачи доста доцниме со подготовките, бидејќи за брзо време ќе започне стартот на сезоната. Јас пропуштив две трки во Албанија и Грција. Јас имам нов мотор, но ми требаат уште тренизи, а и сите други го кажуваат истото, вели Борче Костов, кој оваа сезона ќе се обиде да биде петкратен првак на Македонија во категорија МХ3.
Како ја пречекуваат оваа нова сезона Костов додава:
-Како и секоја година со проблеми околу финансиите. Тешко ќе биде да се извози цела сезона на меѓународен и домашен план. Па затоа јас и некои други возачи морам да признаам дека преговараме да возиме за друг клуб. Се надеваме дека идниот клуб ќе ги исполни обвските за кои ќе се договориме, но името на клубот не го кажуваме додека преговараме.
Инаку, Источно европскиот шампионат започнува на 5 април на патеката кај Јаница, Грција. Што се однесува пак до домашниот шампионат мото-федерацијата се уште не го има објавено календарот на трките, а сето тоа ќе зависи од тоа како ќе се санираат патеките кај сите мото-клубови.

 

С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*