.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Груевски пролупа

Груевски пролупа

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски наместо по катастрофалните порази кои ги доживеа во првиот и вториот круг на локалните избори веднаш да си поднесе неотповиклива оставка заедно со комплетниот состав на ИК, тој и натаму продолжува да тврди дека изборите биле африкански, мафијашки, криминални и какви сеуште не.

Груевски се покажа дека е човек кој секогаш вината ја гледа кај сите други, само не кај себе, иако во сите изминати 11 години ништо во партијата не можеше да се реши без негов амин.

Човекот кој со силата на парите, притисоците, заканите, лажните ветувања, скапите рекламирања, партизацијата на администрацијата, судството… владееше цели 11 години сега се обидува вината за дебаклот што го доживеа да го префрли на политичкиот противник.

За него сите се виновни само не тој.

Наместо да си поднесе оставка и да ја преземе врз себе одговороста, тој сега бара предвремени парламентарни избори.

Ако е и од Груевски многу.

Деновиве Груевски се потврди како човек кој едно мисли, друго зборува, трето прави.

Тој изгледа ни самиот не се слуша што зборува.

Колку е Груевски  политичар со кредибилитет најдобра потврда е што тој деновиве отиде во Могила и му баци рака на Стево Пивковски, подржувајки ја неговата кандидатура, без притоа да се сети што зборуваше за него пред 4 години, кога застанувајки зад кандидатурата на Славко Велевски го нарече Пивковски криминалец, на кого местото му е во Идризово, покрај неговиот партнер Велија Рамковски.

Груевски застана зад Талески кога никој во ВМРО ДПМНЕ Битола не го подржуваше за третиот мандат.

По катастрофалниот пораз на ВМРО ДПМНЕ од Груевски се откажа дури и неговиот мегафон Миленко Неделковски, кој побара оставка не само од него туку и од ИК.

Но не е толку чудно што Груевски пролупа. Човекот кој мислеше дека Македонија му е наследена преку ноќ, за само неколку месеци остана без барокната зграда во Владата, а наскоро ќе мора да се сели изгледа и од Белата партиска куќа.

Чудно е што и покрај поразот како и Груевски не чуствуваат одговорност никој друг од членовите на Извршниот комитет, кои цело време послушно  ги аминуваа сите негови одлуки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*