Home / Uncategorized / Груевски: За мојата одговорност по изборите

Груевски: За мојата одговорност по изборите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски гостувајки  на телевизија Алфа изјави дека  изборниот резултат се должи на притисоци и поткуп од СДСМ, а второстепено на тоа што ВМРО-ДПМНЕ се обидела да придобие гласачи кои традиционално не се нивни поддржувачи.

-Мора да извлечеме поука. Да направиме длабинска анализа и партијата да продолжи по патот кој го сакаат 450.000 гласачи кои не поддржаа во декември. Не е срамота да се обидете да освоите други гласови, на луѓе кои традиционално не се наши гласачи, но изгледа ние тоа го направивме многу нагло. По дефиниција одговорноста ја носи првиот човек и јас не бегам од тоа, но за тоа ќе се дискутира после изборите. Ќе се постават работите онака како што е најдобро за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија, рече Груевски потсетувајќи се од листови кои стојат пред него.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*