Don't Miss
Home / Uncategorized / Групата Љубојна гостин на концертот на „Њујорк Џипси Ол Старс”

Групата Љубојна гостин на концертот на „Њујорк Џипси Ол Старс”

Доцна поладнево познатата  светска музичка група „Њујорк Џипси Ол Старс” од Њујорк, во која свири светски познатиот битолски и македонски кларинетист Исмаил Лумановски -Смајко, го потврди учеството на  битолското културно лето „Бит фест 2018”.

По потврдувањето на учеството на “ Бит Фест “  организаторот на концертот, локалното битолско Радио Б -97  ги резервира авиобилетите за концертот Њујорк-Истанбул-Скопје и назад.

Популарниот Смајко со својата интернацонална група “Њујорк Џипси Ол Старс”, во која свират музичари од Америка, Грција, Турција, Австралија, Порторико својот концерт ќе го одржи на 16 август, на Хераклеја. а според договорот тој ќе пристигне неколку дена претходно во Битола.

Заедно со Смајко на концертот ќе настапи и групата Љубојна.

Ова е прв пат Исмаил Лумановски – Смајко, кој годинава беше добитник на највисокото признание на Битолски весник „Ајри Демировски” да настапува со својот оркестар на Хераклеја.

За време на својот  престој во Македонија, организаторот на турнејата Радио Б-97 Битола преговара да организира настапи на Њујорк Џипси Ол Старс  и Смајко и во некои други градови во Македонија.

М.М.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*