Home / Uncategorized / Холивудскиот продуцент Перси Ван Липински во Битола

Холивудскиот продуцент Перси Ван Липински во Битола

Холивудскиот продуцент Перси Ван Липински ја продолжи својата посета во Битола за да се сретне со градоначалникот Владимир Талески и ди ги договорат трите проекти кои заедно ќе ги реализираат. Тие се договорија за снимање на заеднички документарен филм, игран филм, и изградба на филмски студија во Битола, во веќе предвидените маркици за таа намена во Касарната.

holivud 3
Липински е добитник на оскар за докуметарен филм и се надева дека со новиот филм кој ќе го снима во Битола ќе конкурура за ова престижно филмско признание. Липински работи во студиото “Универзал“ по нивна покана а како што рече на пресот неговите комшии Стивен Сигал, Мерил Стрип и некои други ќе ги покани во Битола, а веќе го известил неговиот шеф во Холивуд за можностите да се работи во Битола, и тука да се направи бизнис.
Липински упати покана за градоначалникот и премиерот за брзо време да се сретнат во Холивуд.
Инаку Липински има снимено 170 филмови.

С.Р.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*