Home / Uncategorized / И Божиновски планирал да му ја дувне од Македонија

И Божиновски планирал да му ја дувне од Македонија

Екс министерот Миле Јанакиески заврши во притвор, бидејќи наводно преку посредник барал амнестија од претседателот Ѓорги Иванов за сите обвинети од СЈО, а во спротивно се заканил со бегство. Поради истите причини притвор доби и Кирил Божиновски, исто така обвинет во случајот „Титаник“. Според неговите адвокати двете решенија за притвор се речиси идентични, освен што едното гласи на име на Јанакиески, а другото на Божиновски, а различен само бил и бројот на решението. Идентична пак останала содржината.

Поточно, Специјалното јавно обвинителство одлучило да побара притвор и за Кирил Боживовски врз основа на службена белешка изготвена од страна на Министерството за внатрешни работи, кое дошло до сознание дека обвинетиот „презема дејствија и активности кои што имаат карактер за организирање бегство“, се наведува во решението со кое Кривичниот совет во скопскиот суд го уважува барањето на СЈО за притвор на Божиновски.

„Видно од содржината на службената белешка, преку посредник била остварена средба со Претседателот на РМ со цел да издејствува амнестија за сите лица против кои се водат судски процеси од страна на СЈО. За време на средбата, посредникот го замолил претседателот да ги амнестира сите лица од најголемата македонска опозициска партија за кои се води судски процес, меѓу кои обвинетиот Божиновски, кој бил иницијатор на средбата. Меѓутоа, предлогот од страна на претседателот бил категорично одбиен при што на посредникот му истакнал дека нема намера да се вмешува во одлуките на судот, односно да ги амнестира. По завршување на средбата, посредникот се упатил на средба со обвинетиот за да го пренесе ставот на претседателот. Од страна на изворот било посочено дека обвинетиот сметал оти амнестијата е последна шанса да се спасат од кривична одговорност и одлежување на затворските казни“, стои во решението на судот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*