Don't Miss
Home / Политика / И Едмонд Темелко остана без пасош

И Едмонд Темелко остана без пасош

Скопска апелација ја одби жалбата на обвинетиот градоначалник на општина Пустец, Едмонд Темелко и одлучи да му се одземе пасошот и еднаш неделно да се јавува во судот. Темелко е обвинет во случајот „Титаник“ на СЈО за сторени изборни измами.

Својата одлука судот ја темелина на околностите во смисла на тоа дека обвинетиот има оформено потесно семејство, женет и е татко на две деца, како и тоа да обвинетиот е член на совет на округ Албанија и градоначалник на општина Пустец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*