.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / И по две децении “ татовци “ не се откажуваат од своите заштеди

И по две децении “ татовци “ не се откажуваат од своите заштеди

Старите рекле надежта последна умира. Ова непишано правило, најдоследна примена најде кај штедачите на ТАТ, кои и по изминати две децении, откако пропадна штедилницата ТАТ, сеуште не губат надеж дека ќе дојдат до своите пропаднати штедни влогови.

Од пропаѓањето на штедилницата ТАТ годинава се навршија точно 20 години.Поради голготата која ја претрпеја по банкротирањето на штедилницата ТАТ  голем број од штедачите не дочекаа да ги добијат назад своите пари. Во изминатите две децении починаа голем број штедачи, кои тогаш, кога се случи ТАТ, беа во поодминати години и подоцна починаа, во меѓувреме и некои нивни најблиски, синови, ќерки, станаа дедовци, па сега битката за враќање на штедните влогови ја водат тие заедно со нивните внуци.

Во настојувањето да дојдат до своите штедни влогви деновиве Здружението на необештетни штедачи на ТАТ испрати отворено  писмо до премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски во кое бараат итна  средба за решавање на нивниот случај и за враќање на нивните згубени штедни влогови.

Во писмото испратено  во името на над 6.000 необешетени штедачи до премиерот Зоран  Заев и министерот за финансии Тевдовски меѓу другото се вели:

-Собранието на  РМ во 2002 година го призна побарувањето и донесе Закон за обештетување на штедачите со еден вид хартии од вредност, т.н.  конвертибилни сертификати, кои беа регистрирани во Централниот депозитар на хартии од вредност. Важењето на истите беше ограничено за временски  период од 2 години. Агенцијата за приватизација со измените  на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал престана да постои пред рокот, во кој беше важноста на издадените сертификати, така што без своја вина над 6.000 штедачи беа оневозможени да тргуваат на берзата. Со тое беше направена  неправда во однос на обештетувањето.

Малите штедни влогови беа исплатени во еден ден, односно беа  100 оттсто обештетени, како што беа обештетени и оние  штедачи кои имаат депозит и кредити  со меѓусебните пребивања, а ние останатите чекаме  20 години  да се обештетиме.  Се надеваме дека оваа влада ќе го реши овој проблем, како што се решија ваквите случаи во нашето опкружување.

Бараме средба со вас за решавање на направената неправда за околу половина од штедачите  кои и по 20 години не можат да дојдат до своите пари  и правда низ судовите во РМ, се вели во писмото на штедачите, во кое тие искажуваат подготвеност  да прифатат  обештетување  по примерот на државите од соседството: Албанија, Бугарија, Србија.

Поопширно во печатеното издание на Битолски весник

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*