Home / Uncategorized / Илиоски најави гасификација и топлификација на Битола

Илиоски најави гасификација и топлификација на Битола

Два многу важни проекти за Битола за кои нашите политички опоненти шират невистини дека сме се откажале и целосно ги игнорираат, како да не постојат се 37 милиони евра за гасификација и 47 милиони евра за топлификација – живи пари кои се реални, обезбедени и веќе се реализират, изјави кандидатот за градоначалник на Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Зоран Илиоски.

-Гасоводот Неготино-Кавадарци веќе е на пат кон Битола и во 2019 година треба да почне изградбата на дитрибутивната гасоводна градска мрежа, а првите корисници на топлинска енергија од РЕК ќе се приклучат на централното парно греење следната зима. Проектите се регулирани со посебен закон, а дел од парите се обезбедени преку заеми од сериозни странски банки и изградбата е во тек и е во напредна фаза. Единствено што може да ги спречи или одложи се некакви измислици и манипулации од типот на згрешена траса какви што веќе видовме. Краткорочна гасификацијата на Битола по примерот на Струмица , не може и не смее да биде замена за овие гигантски, капитални и долгорочно издржани проекти.

Битолчани не смеат да наседнат на импровизирана гасификација по струмичкиот модел на Заев, со дотур на гас со цистерни која е скапа, крајно небезбедна, со можност за богатење на некој тендераш близок на Заев кој би го набавувал гасот, по висока цена на грбот на битолчани- изјави Илиоски.

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*