Don't Miss
Home / Uncategorized / Илиоски ветува стари проекти

Илиоски ветува стари проекти

Политичката кампања изминува а од ДПМНЕ и Илиоски ги слушаме старо-новите проекти кои ги ветуваат во сите нивни изборни кампањи и кои досега требаше да бидат направени.

Едно од тие нивни лажни ветувања е и планинарскот дом Копанки во срцето на Пелистер. Иако како што изјавија денес и самите знаеле дека овој објект не е под ингеренција на локалната самоуправа, повеќе од 4 години не убедуваа дека ќе биде изграден.Па така и оваа кампања кандидатот на ДПМНЕ – Зоран Илиоски повторно ветува дека ќе го направи. Како да заборави дека во изминатиот мандат како пратеник во Собранието на РМ ги гласаше буџетите во кои беа одбиени сите амадмани на СДСМ за изградба на планинарскиот дом Копанки. Наместо тоа, тој поддржа трошење на парите на битолчани за споменици и фонтани во Скопје, за панорамско тркало во Вардар, за рајска градина во Аеродром и уште многу други вакви проекти.

Во нивната програма ветуваат ќе се залагаат за планинскиот туризам.Истото го имаа и во измината програма во која ветија дека ќе изградат хотелски комплекс во Нижеполе. Истиот требаше досега да биди завршен но и од него нема апсолутно ништо.

Повеќе од очигледно е дека проектите кои ги ветуваат ДПМНЕ остануваат само на хартија. Тандемот Талески – Илиоски покажа колку му е важна Битола. Првиот со тоа што ја доведе Битола на работ на изумирање, а вториот со тоа што дозволи парите на битолчани да се трошат само за мегаломанскиот проект на ДПМНЕ, Скопје 2014.

Почитувани, Заврши ерата на политичари кои не му мислат добро на нашиот град и кои сопствените интереси ги ставаат пред интересите на битолчани.

Затоа,на 15-ти октомврисите заедно да му ставиме крај на погубните политики заБитола., истакна на прес конференцијата портпаролот на СДСМ, Борче Корлевски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*