Home / Uncategorized / Ин мемориам

Ин мемориам

Веселинчо Спасeвски

Во неделата, утрината, околу 1.30 часот, во 54 година  почина Веселинчо Спасeвски, директор на Подрачната единица Македонија пат Битола.

Смртта на Веселинчо Спасeвски, покрај најблиските ги изненади и сите негови другари и пријатели.

Веселинчо Спасeвски и покрај последиците што ги имаше од ударот кој го доживеа пред повеќе од една деценија, беше полн со живот.

Иако многумина поради нарушеното здрaвје го советуваа малку да посвети внимание на себеси, сепак тој со полни гради  го живееше секој ден.

Веселинчо беше човек, кој знаеше да му се радува на животот. И покрај проблемите со кои се среќаваше во секојдневното работење, како директор на Македонија пат Подружница Битола, тој секогаш беше   расположен, насмеан и човек кој уживаше во секојдневните случувања.

За нас новинарите секогаш беше достапен и што би се рекло  на линија. За него немаше неодговорени прашања. Беше човек, кој за проблемите на работното место, или во партијата ВМРО ДПМНЕ, во која беше еден од основачите, секогаш зборуваше отворено и без задршки.

Веселинчо Спасeвски беше еден од првите членови на ВМРО ДПМНЕ. Битолчани го знаат и како голем фудбалски талент, но кој поради повреда не направи голема фудбласка кариера.

Беше член на македонската фудбалска  федереација.

Веселинчо Спасeвски беше и голем пријател на Битолски весник.

Тој со посебно задоволство зборуваше за  Весникот, со кој постојано другаруаше.

Од Битолски весник Веселинчо Спасовски никогаш не се откажа, дури ни тогаш кога поради блокираните сметки на Македонија пат Подружница Битола  не можеше навреме да ги плаќа обврските.

Битолски весник ќе го памети како голем наш пријател.

Веселинчо Спасевски беше погребан денеска во Буковските гробишта.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*