Home / Вести / Инфраструктурни и дигитални вложувања на Општина Битола во неколку училишта

Инфраструктурни и дигитални вложувања на Општина Битола во неколку училишта

Општина Битола продолжува со вложувања во инфраструктурата и дигитализацијата на неколку училишта.

Со средства во висина од 2.100.000 денари, во тек се изведби на неколку инфраструктурни зафати во средното општинско земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“.

Со овие средства се поплочува целото училиште, а се изврши и бојадисување, со што се обезбедуваат подобри услови за настава и за одржување на хигиената во училиштето.

Паралелно, се врши и заградување на тревниот стадион, за кој е обезбедена и опрема за наводнување со техничка вода од ЈП „Стрежево“.

Општината изминативе денови е фокусурана во реконструкција и дигитализација на основното училиште „Даме Груев“. Во ова училиште набавени се 21 персонален компјутер со дополнителна опрема и два лаптоп компјутери, а обезбеден
е и висококвалитетен интернет.

Реновирани ходници, училници, збогатени со дополнителна опрема, обезбедени таблет компјутери за ученици од ранливи категории, се само дел од реализираните активности во основното училиште „Тодор Ангелевски“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*