Don't Miss
Home / Градска хроника / Интензивни градежни активности во “Златен рид“ во Старата касарна

Интензивни градежни активности во “Златен рид“ во Старата касарна

Во „ Златен Рид “, новата населба која се протега на територијата на Старата Касарна, Општина Битола извршува голем број на активности. Поставена е фекална канализација, атмосферска канализација, водовод и се прави коловоз во СРУ 1 во делот на АРМ Четврт 1 во вредност од милион евра, а до завршувањето на коловозот во СРУ 1 вкупната вредност за овој дел би достигнала до 1.5 милион евра.

Со задолжувањето кое Општина Битола го направи, преку Министерството за финансии кај Светска банка во вредност од 2.5 милиони евра, ќе биде завршен и останатиот дел од АРМ Четврт 1 и АРМ Четврт 2 и тоа атмосферска канализација, водовод, улично осветлување и коловоз.

Од прес-конференцијата во поранешната  битолска Касарна

Од прес-конференцијата во поранешната битолска Касарна

Три објекти се веќе изградени, а осум фирми градат објекти од кои седум се домашни инвеститори , а еден е странски. Потоа се направени реконструкции на повеќе стари објекти кои беа дел од Касарната и тоа во еден реконструиран објект се наоѓаат Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи и Факултетот за биотехнички науки, а во друг објект се наоѓа Правен факултет. Извршена е реконструкција и адаптација на Стреланата, во реконструиран објект е сместено противпожарното друштво ПЕГАЗ ЕДУ, како и новата телевизија Мега.

Изграден е и Филмски град.

– До крајот на оваа градежна сезона, веројатно и дел од работите ќе ни останат и за следната градежна сезона затоа што обемот е премногу голем и се надеваме некаде до ноември да се заврши најголемиот дел 70 до 80 проценти од сето тоа што треба да се работи и еден дел да остане за следната градежна сезона. Идните потенцијални инвеститори кои што ќе сакаат да градат, едноставно само ќе треба да се приклучуваат. Ќе биде завршена целата фекална, атмосферска канализација, водоводната мрежа, патната инфраструктура, паркови, пристапни патеки сето она што ќе значи една нова населба, еден мал град кој што потенцијално би требало да опфати околу 5 илјади жители – изјави градоначалникот на Општина Битола д-р. Владимир Талески.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*