Don't Miss
Home / Uncategorized / Исклучителна конкуренција за признанијата на Битолски весник

Исклучителна конкуренција за признанијата на Битолски весник

                          

          Иако до завршниот дел на Манифестацијата  на Битолски весник “ Избираме најуспешни битолчани 2019 “  остануваат уште нешто повеќе од 20 дена, веќе се издвојуваат некои од кандидатите за  престижните признанија.

          Во речиси сите кетегории  владее огромна конкуренција за некое од признанијата. Во некои категории конкурираат дури по десетина кандидати, кои сосема рамноправно се борат за една од наградите.

          Тоа само по себе доволно зборува дека и оваа година, како и во изминатите 20 години конкуренцијата за наградите на Битолски весник ќе биде исклучително голема.

          Но до изборот сеуште има време. Читателите на  Битолски весник и натаму можат да гласаат за “ своите  кандидати “ на гласачките купони кои редовно, во секој број ги објавуваме на Огласната страница на Весникот  и на и-мејл адреса.

          Гласањето трае до  26 февруари, кога се заклучува гласањето и ќе биде направен изборот на најуспешните битолчани за 2019 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*