Home / Спорт / Историската победа во Дуизбург низ објективот на специјалниот известувач на Битолски весник, Димитар Петковски

Историската победа во Дуизбург низ објективот на специјалниот известувач на Битолски весник, Димитар Петковски

Историската победа на Македонија над Германија од 1:2, во Дуизбург, низ објективот на нашиот специјален известувач и фоторепортер Димитар Петковски.

        Успехот  на репрезентацијата на Македонија над Германија од 1:2 ги разгали срцата не само на љубителите на фудбалот, туку и на сите граѓани на Македонија.

        Победата над Германија, која одекна како вистинска сензација дојде како мевлем на рана по сите маки и страдања кои  овој народ ги доживува повеќе од една година со пандемијата.

        Овој успех покажа дека успехот што Македонија го постигна со пласманот на Европското првенство не е случаен.

        Селекторот Игор Ангеловски создаде репрезентација за големи остварувања.

        Како нашиот специјален известувач  Димитар Петковски го дожива овој натпревар од квалфикациите за светското првенство  најдобро зборуваат неговите фотографии и изјавата дека тоа што се случи во Дуизбург треба(ше ) да се види и доживее, оти се случува можеби еднаш на 100 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*