Home / Uncategorized / Истрага за Боки 13 и Кичеец

Истрага за Боки 13 и Кичеец

Јавното обвинителство отвора истрага против две лица за примање награда за противправно влијание, а едно од тие лица е осомничено и за перење пари.  За нив од судија на претходна постапка се бара притвор.

Обвинителството од 2 мај годинава против овие две лица Бојан Јовановски и Зоран Милески, за кои Обвинителството не сакаше да спомене ниту иницијали поради презумпција на невиност, води предистрага, а прибраните вербални и материјални докази се основ за истрага постапка. Предистрагата е отворена по кривична пријава на оштетно лице, во случајов сведок кој бил под истрага за сомневања за кривични дела.

Од ноември 2018 до април 2019 првооосомничениот искористувајќи го своето влијание врз јавен обвинител ветувал дека ќе се олесни истражната постапка за сведокот. За тоа биле договарани континуирани средби на осомничените со сопругата на сведокот и со сведокот, во неговиот дом и во домот на првоосмничениот.

На средбите осомничените го уверувале сведокот кој бил под истрага, дека првоосомничениот има влијание врз обвинител кој води предмет за него и дека може да влијае за запирање на истрагата или да ја намали казната.

За тоа примиле 1.500.000 евра.

Според обвинителката Вилма Рускоска осомничените побарале 8 милиони евра, а потоа се согласиле на 5 милиони евра и оваа „награда“ да се исплаќа на 4 месечни рати.

Рускоска рече дека осомничениот кога се посомневал дека се води истрага, ги прекинал сите контакти со сведокот, но откако била префрлена првата рата од 1,5 милиони евра.

Тој е осомничен и за перење пари затоа што претходно примените пари од кривичното дело ги пуштил во оптек како легално стекнати пари и купувал предмети, облека и уплаќал одмори, иако тие ги надминувале неговите приходи.

За второосомничениот се уште се води финансиска истрага, каде ги трошел парите.

Обвинителката Рускоска рече дека во овој случај биле применети мерки следење.

Јавниот обвинител на кој се повикувале осомничените не е повикан на распит, но не е исклучено истрага да се прошири и за други лица.

-Во овој случај две лица се осомничени за тргување со влијание да се олесни постапката што ја водел обвинител. Друго е прашањето дали ветувањата се оствариле или не, рече Јовески додавајќи дека „истрагата продолжува за да се утврди кој се е оштетен и кој се влијаел“.

Обвинителите ги повикаа и другите оштетени лица на кои двајцата осомничени им ветувале дека преку јавен обвинител ќе им ја олеснат запретената казна да пријават во ЈО.

Од Обвинителството не го откриваат името на обвинителот, но Јовески рече дека него не го штити имунитет.

На новинарско прашање, дали денешната оставка на шефицата на СЈО Катица Јанева има врска со случајот, Јовески рече дека тоа е нејзин личен чин и натаму не можат да коменираат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*