.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Македонија / Изборно собрание на ЗНМ, нов мандат за Насер Селмани

Изборно собрание на ЗНМ, нов мандат за Насер Селмани

Новинарот на дневниот весник “Вест“ , Насер Селмани, и во следните четири години ќе го води Здружението на новинарите на Македонија.
На редовното изборно собрание на ЗНМ, кое се одржа во саботата, во хотелот “Холидеј ин“ во Скопје, Селмани доби огромна поддршка од присутните новинари-членови на ЗНМ.
Тој од над 200 членови на ЗНМ доби 154 гласа, додека за неговиот противкандидат Семи Мехмети од порталот “Алмакос“ гласаа само 21 член на ЗНМ.

На Изборното собрание за членови на УО на ЗНМ најмногу гласови доби новинарот на “Нова Макеоднија“ Томислав Кежаровски, кој стана член на новиот управен одбор.

1560744_745689462182692_218467538041406321_n

На Изборното собрание покрај Управниот беше избран и Надзорниот одбор, како и Советот на честа.
Инаку, на Изборното собрание новинарите со огромно мнозинство го прифатија извештајот за работата на раководството на ЗНМ во изминатите 4 години, како и финансискиот извештај.
Во плодната расправа беше потенцирано дека во изминатите 4 години, ЗНМ и покрај сите притисоци и оспорувањето на неговиот легитимтет се потврди како еснафско здружение кои ги штитеше интересите на новинарите.
Воедно, во расправата беше потенцирано дека новинарството во Македонија е целосно поделено и дека некои т.н. новинари и уредници со своите непрофесионални истапувања во јавноста и политизацијата на медиумите ја урнисаа оваа професија, која во наредниот период мора да настојува да ги исчисти своите редови од таквите новинари.
Воедно, на Собранието новинарите го повторија своето барање дека државата мора да изготви критериуми за распределба на буџетските средства за рекламирање, како и за враќање на субвенциите, особено за локалните медиуми.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*