Don't Miss
Home / Вести / Издвоени над 128 илјади евра за новата школска година

Издвоени над 128 илјади евра за новата школска година

              

Општина Битола пред почетокот на учебната година,  ја даде потребната поддршка за сите основни и средни училишта, со цел новиот модел на настава да се одвива без проблеми.  

        За нормално одржување на образовниот процес во основните и средните училишта општината Битола издвои над 128 илјади евра за набавка на компјутери, подобрување на интернет врските, апарати за мерење на температурата.

Инаку  првиот училишен ден, градоначалничката  на Битола Наташа Петровска изврши посета на ОУ „Коле Канински“, каде што го следеше текот на спроведувањето на протоколите за изведување на настава во прво и второ одделение, со физичко присуство на учениците.

-Ви посакувам добро здравје, да ги слушате наставниците и домашните, што е многу важно во овие околности. Ви посакувам да станете големи луѓе, посебно затоа што се соочувате со големи предизвици, од толку мала возраст, истакна Петровска, поздравувајќи ги учениците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*