Home / Вести / Изградбата на новата градинка во Касарната тапка во место

Изградбата на новата градинка во Касарната тапка во место

       

               Кога на 15 јануари годинава фирмата БВ инженеринг – Битола го означи почетокот на градежните работи на новата детска градинка  во АРМ, која , по пат на јавно приватно партнерство заеднички  ја градат Општината Битола и фирмата “Кромберг и Шуберт“ на големи ѕвона беше најавено дека  конечно Битола за брзо време ќе добие нова детска градинка со капацитет од 150 деца во една смена.

        Но за жал иако изминаа скоро 6 месеци од почетокот на изградбата на градинката, барем засега  работите стојат во место.

        Денеска кога  го посетивме просторот  во АРМ каде што се гради градинката не само што не  затекнавме ниту еден мајстор или градежен работник, туку видовме навистина невсекојдневна глетка.

        Оградата која беше поставена на просторот каде што треба да се гради градинката е едноставно срушена.

        Таблата на која беа испишани податоците за инвеститорите и градителите на градинката е срушена.

        Ја нема ни кабината каде што требаше да биде смесетна стражарската служба, а нема ништо ни од Надзорот, Заводот за испитување материјали од Скопје.

        Напуштен е и просторот каде беа ископани темелите на градинката.

        За жал  согворниците кои живеат на тој дел од Битола ни рекоа дека таква е состојбата  уште од стартот на изградбата на градинката.

        -Освем што е  само заградено градилиштето, речиси 6 мсеци  воопшто не се работи  на изградба на  градинката, ни изјавија нашите соговорници.   

        Сите наши настојувања да бидеме информација од изведувачот на работите, фирмата БВ инженеринг зошто се прекинати или стојат  в место  работите, не вродија со плод.

        Навистина чудно е зошто  фирмата БВ инженеринг ги стопира работите. Инаку според планот  градинката ќе се гради во 2 фази. Првата  планирано е да биде завршена  за  24 месеци. Градинката зафаќа површина на градежната парцела од 2189 м2, додека површината на градба, предвидена за објектот детска градинка П+1, ќе зафаќа 1618 м2.

        Вкупната вредност на градинката е 26.038.990.00 ден

         Фирмата БВ инженеринг беше избрана  мегу 10 економски оператори. На јавната набавка за изградба на нова детска градинка во Битола, во населбата АРМ (поранешна Касарна), се пријавија 10 економски оператори. Јавната набавка се однесуваше на изградба на целосната конструкција на објектот со поставена дограма. Објектот е предвиден да зафаќа бруто површина од 2012 метри квадратни и ќе биде наменет за прием на околу 250 деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*