Don't Miss
Home / Колумни / Изгубени декларативни битки

Изгубени декларативни битки

                            

          Неделата што измина ќе остане запаметена по непримерната изјава на премиерот Зоран Заев дека тој и Владата нема да дозволат некои криминалци, еден суетен новинар и еден педер ( по каракетр ) да ја срушат Владата!

          Иако по ваквата изјава Заев речиси истиот момент се извини, сепак тој со право  беше и сеуште е предмет на жестоки критики  на јавноста.

           Заев деновиве си ја плати цената на неговата навика, или вродена мана, да кажува работи кои не ги  мисли, за да подоцна истите мора да  ги (до)објаснува, или се извинува.

           Но таков е Заев, кој цело време откако е на власт претерува со својата искреност и транспарентност.

           Изјавата на Заев дека нема да дозволи  некои криминалци, или еден суетен новинар, а особено не еден педер да ја срушат неговата Влада лично не ме потресе многу.

          Тоа што ме иритира е што, лично тој со сите негови постапки дозволи некои сомнителни криминалци,  еден суетен новинар и еден педер да му седнат в скут и да ја купат неговата доверба.

          Цената за таквата негова дружба со такви (сомнителни )типови сега тој ја плаќа.

           Каква ќе биде таа останува да се види.

          Но Заев пред аферата “ Рекет “ и по неа, не е истиот. А сакал тој да признае или не, сепак може лесно да се случи по “онадењето” со  Боки 13, токму еден педер, дали по карактер или по сексуална определба да ја “сјебе “ неговата Влада, која признал тој или не, е во слободен пад.

          Како ќе успее Заев да го спаси неговиот Кабинет останува тој да размисли. Но за тоа има се помалку време, зашто огорчувањето кај јавноста не само од аферата # Рекет # туку и од начинот и бавноста како се одвива  разврската на овој невиден скандал е огромно, а голем е и бројот на  луѓето во неговата дружба, кои играат во најмала рака што би рекол тој “педерски”

          По случајот # Рекет# македонската јавност е во колективна депресија. Тоа може да се види и почувствува на секој чекор и во секој обичен разговор со граѓаните.

          По скандалот ” Рекет ” сите граѓани на оваа држава, без разлика на вера или нација, етничка или партиска припадност,  па дури и сексуална определба, се гневни и разочарани.

          Општ впечаток е дека по аферата # рекет # граѓаните изгубија доверба дека во оваа држава ќе завладее правото и правдата и дека Македонија ќе расчисти со криминалот и криминалците.

          Во тоа веќе никој не верува. Како Заев размислува  да ги предомисли граѓаните не знам, но едно што знам е дека и тој не знае.

           Дека тоа е така најдобра потврда е што по секој негов обид да расчисти со криминалот и криминалците нему му се јавуваат нови криминални случаи.

          Така  Зоран Заев  најпрво се обиде да расчисти со криминалците, корумпираните, неспособните, не само во државата туку и во неговите редови, кога  ја најави “метлата” во паратијата.

          И таман Заев почна да мети со “метлата” во партијата му се случи аферата “Рекет “

          И наместо  барање  надлежните институции да ги преземат сите мерки кои им се на располагање за расчистување со криминалните и корумпирани структури, како во државата така и во партијата, Зоран Заев, како во времето на т.н самоуправен социјализам, битката против  нераминајковците  ја најави со донесување на партиска Декларација  со која  испрати партиска препорака,  владата и државата, да продолжат  со бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, како и јакнење на правната држава, преку создавање на услови за целосно владеење на правото.

-Сите се еднакви пред законите, а правда мора да има, беше нагласено во Декларацијата која ја донесе ЦО на СДСМ.
          Но дека само со донесување на Декларација не може да се води битката против криминалот и криминалците, кои во Македонија никнуваат како печурки по дожд се покажа набрзо, кога на виделина излезе афереата ” Рекет ” во која Боки 13  се обидува со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да го спасат од одење в затвор првоосомничениот во аферата “ Империја “ Орце Камчев.

          И наместо по случајот # Рекет # да биде запалено црвеното светло како за Заев така за  неговиот Кабинет  и  комплетното македонско правосудство, како по договор сите заминаа на летен одмор, оставајќи ја јавноста да биде “бомбардирана “ со снимки што тајно  ги снимал токму Орце Камчев, или некои негови домашни и странски сниматели.

           Заев по завршувањето на одморот наместо да ги праша државните институции зошто никаде ги нема во борбата против криминалот и криминалците, тој на седница на Влада формира владино тело кое ќе се бори против  сите кои ги прекршиле законите и незаконски се офајдиле.

          Па така сега покрај  партиска Декларација за борба против криминалот и злоупотребите, Заев формира и Владино административно тело кое ќе се бори против нераминајковците во државата.

           Со согласувал со мене некој или не тоа, ми личи како во едно минато време кога некој не ќе сакаше да се расчисти со злоупотребите  или да се решат проблемите,  формираше  Комисија.

          Што може да сработи владиното административно тело без ажурирањето на надлежните институции кои по описот и пописот на работите се повикани и платени да се борат против злоупотребите  или изигрувањето на законите од било кој мене не ми е јасно.

          На Македонија никогаш не и недостасувале ни институции ни тела, ни Декларации за борба против криминалот.

          Такви секогаш сме имале.Но на оваа држава постојано му недостасувала желба  и карактер да се расчисти еднаш за секогаш со криминалот и криминалните структури, без разлика кои се и на која партија и припаѓаат.

          По случајот ” Рекет ” повеќе од јасно е дека таквата желба му недостасувала и актуелната власт и на СЈО.

          Тоа е она што посебно загржува и иритира.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*