Home / Култура / Изложба во рамки на „Културно лето Новаци 2015”

Изложба во рамки на „Културно лето Новаци 2015”

Синоќа во салата во општина Новаци во рамките на манифестацијата „Културно лето Новаци 2015” беше свечено отворена изложбата на авторката Катерина Мавровска.

Изложбата насловена „Мариово и Пелагонија низ објективот на Катерина Мавровска” е четврта нејзина самостојна изложба.

Катерина Мавровска е родена 1956 година во Битола. Со фотографија се занимава од младите години, а во последната деценија нејзината поинтензивна активност резултира со повеќе самостојни изложби со кои гостува низ повеќе градови во Македонија.

Во секоја фотографија авторката ги вградува емоциите кои се јавуваат во моментот на нејзиното творење,а со тоа на набљудувачот му е овозможено фотографијата да ја доживее на еднаков начин.

Било тоа де се мотиви од рамници,планински масиви или бистри води кои пленат со својата кристална убавина,со својата виртуозност таа ги прави топли и питоми пејзажи кои ја пренесуваат нејзината голема љубов кон природата.
Изложбата ќе биде поставена и наредната недела.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*