Home / Uncategorized / Известување за јавноста од Националниот парк Пелистер

Известување за јавноста од Националниот парк Пелистер

Во Управата на Националниот парк Пелистер денес се одржа работен состанок со претставници на фирмите, кои се занимаваа со откуп на боровинка и други шумски производи, кои за таа намена располагаат со соответни дозволи од Министерството за животна средина и просторно планирање.
На состанокот стана збор за биолошката зрелост на боровинката на Пелистер, при што беше утврдено дека званичниот датум за отпочнување на бербата на боровинката ќе биде 28 јули 2018 г. (сабота).
Во периодот до 27 јули 2018 г. се повикуваат заинтересираните собирачи на боровинки да се обратат до Управата на НП Пелистер и да си обезбедат легитимација за собирање, или маркица за собирање за 2018 година, доколку веќе имаат легитимација.
Фирмите откупувачи, треба најдоцна до 27 јули 2018 г. да достават официјално барање дека ќе учествуваат во откупот, да уплатат депозит и да го потпишат договорот за откуп со НП Пелистер. На тие откупувачи кои нема да потпишат договор, нема да им биде дозволен откуп на боровинка на територијата на НП Пелистер.

ЈУ НП Пелистер – Служба за односи со јавноста

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*