Home / Uncategorized / Јаков Дренковски ги запали Карпошани

Јаков Дренковски ги запали Карпошани

На вчерашната вечер на „Карпошовото културно лето“, свој музички концерт одржа долгогодишниот музичар и кантавтор Јаков Дренковски. Пред присутната публика на платото во Т Ц „ Лептокарија“ , со придружниот бенд,  музичкиот ас ги претстави своите хитови од подалечното минато. Познатата нумера „ Скитник“, „ Midnight Cowboy“, како и многу други хитови, беа дел од репертоарот на познатиот музички артист оваа вечер,  на летната културна манифестација. Помладите карпошани, како и тие од повозрасните генерации уживаа во музичката претстава на искусниот музичар.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*