.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Градска хроника / ЈП “Пазари“ со нови инвестиции

ЈП “Пазари“ со нови инвестиции

Јавното претпријатие “Пазари“ од Битола,  најави отпочнување нови проекти од витално значење за битолскиот пазар во износ од 1.200.000 илјади денари.

 

-Првиот проект што ќе биде имплементиран е партерно уредување на 800 м2 во битолскиот пазар, интервенција со која се врши поврзување на делот од дуќаните до постоечкиот павиљон. Со ова ќе се изврши реорганизација на движењето на потрошувачите. Во рамките на овој проект ќе се заменат и постоечките и дотраени тезги со 50 современи, кои освен подобрување на изгледот, санитетските услови, значително ќе ги подобрат и условите за пазарџиите и потрошувачите. Техничката документација за овој проект е изготвена и во тек е процедурата за негово имплементирање. Финансиската конструкција на проектот изнесува еден милион денари- информираше директорот на ЈП “Пазари“ Сашо Стаматов.

 
Од јавното претпријатие “Пазари“  најавија уште една инвестиција. Конкретно, изготвен е проект за уредување на отворениот дел на Горниот пазар и обезбедување на подобри услови за пазарџиите.

-ЈП “Пазари“ ќе интервенира со изработка на покривна конструкција на отворениот дел на пазарот, со што ќе се подобри функционалноста на пазарот и ќе се избегне самоволното покривање на тезгите од страна на закупците на тезгите со секаков вид на матријали, кои му даваат на пазарот неправилна слика. Вкупната вредност на проектот изнесува двесте илјади денари- посочи директорот Стаматов.

Во наредниот период ќе се изврши и реконструкција на тоалетот во битолскиот пазар. Постоечкиот јавен тоалет беше даден под закуп на приватен закупец на 10 годишно користење и тука ЈП “Пазари“  немаше законска надлежност да интервенира, велат од претпријатието.
Годинава, истекува договорот за закуп, и ЈП “Пазари“ ќе пристапи кон негова реконструкција и санација, а воедно истовремено работи и на наоѓање содветни решенија за изградба на уште еден нов јавен тоалет.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*