Don't Miss
Home / Култура / Јубилеен концерт на Асоцијацијата за фолклор „Плетенка” од Битола

Јубилеен концерт на Асоцијацијата за фолклор „Плетенка” од Битола

В петок, на  3 јуни 2016 година, Асоцијација за фолклор „Плетенка” – Битола организира јубилеен концерт по повод 15. години од своето постоење.

Концертот ќе се одржи во големата сала на Центар за култура — Битола, со почеток во 19 часот.

Во склоп на овој јубилеј ќе се одржи и изложба во фоајето на Центар за култура од  Битола, на која ќе бидат претставени дел од активностите што АФ „Плетенка”   ги имаше во овие 15 години.

Асоцијација за фолклор „Плетенка” од  Битола е формирана со цел да се изучува, негува и презентира македонскиот фолклор и култура во земјата и во странство.

Главна цел е запознавање на помладите генерации за нашата традиција, нашите корени, нашиот ентитет, затоа што тоа е базата која го сочинува и карактеризира еден народ.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*