Don't Miss
Home / Вести / Кабаре и казино во дворот на Славјанскиот универзитет

Кабаре и казино во дворот на Славјанскиот универзитет

  Кабаре и казино во дворот на Славјанскиот универзитет во Битола

        Во моментот кога  голем број битолчани реагираат и бараат кладилниците и коцкарниците, кои во Битола никнуваат како печурки поле дожд, да бидат “дислоцирани“  најмалку 5 километри од градот,  наскоро во Битола, која по бројот на кладилници, коцкарници и казина наликува на Лас Вегас ќе биде отворено уште едно  казино и кладилница.

        Иронијата да биде поголема ноќниот клуб кој ќе се вика “ Кабаре “ е сместен во дворот на Славјанскиот унивезритет “Г.Р Державин “, каде студираат стотици студенти.

        Имено неодамна едниот од сопствениците на поранешниот дилер на патнички возила од марката  Шкода “ Еврокар “ Битола, откако  банкротира  го продаде својот објект на еден познат битолски сопственик на бројни кладилници и коцкарници.

        Новиот сопственик  изврши комплетно реновирање на објектот со намера да (на)прави казино и ноќен клуб, кој ќе се вика “ Кабаре “.

        Новиот клуб казино  “ Кабаре “  ќе располага и со затворен базен и неколку апартмани.

        Интересно е што ноќниот клуб “ Кабаре“ ќе работи во дворот на Славјанскиот унивезритет “ Г.Р. Державин “, па така битолчани во шега велат дека кога студентите нема да имаат настава ќе можат времето да го “трошат “ во коцкање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*