Don't Miss
Home / Uncategorized / Кадровски смени во десетина институции

Кадровски смени во десетина институции

Откако пред една недела Владата ги разреши над 1.500 членови на Надзорни и Управни одбори во бројни државни и владини институции, на ред дојдоа смените  на раководните кадри во бројни владини и државни институции.

Иако засега нема официјална потврда за тоа, сепак според добро информирани извори на Битолски весник, во текот на оваа недела треба да дојде до кадровски смени во неколку значајни  државни и владини институции во Битола.

Смени на директорските места во текот на неделата треба да се очекуваат во Клиничката болница, каде на местото на сегашниот директор Василие Најдовски треба да дојде нов директор, потоа Центарот за јавно здравје,  Домот за народно здравје, Центарот за социјални работи, Домот за доенчиња.

Во текот на неделата  директорски смени ќе има и во неколку културни институции,брифираат добро информирани извори  на Битолски весник.

Така нови директори ќе добијат Центарот за култура, Универзитетската библиотека, Заводот и Музеј Битола и  Народниот театар.

Во наредните денови ќе бидат познати и  новите директори на неколку други значајни јавни претпријатија и акционерски друштва во Битола, врз кои надлежност има Владата.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*