Home / Вести / Кампања за зголемување на бројот на згрижувачки семејства за деца

Кампања за зголемување на бројот на згрижувачки семејства за деца

           

Во Битола има само 3 згрижувачки семејства на деца.За тоа како да се зголеми бројот назгрижувалки семејства во градот под Пелистер се  одржа работна средба на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски со Жарко Трајков и Александра Мојсовска, претставници на приватната установа за семејна заштита СОС Детско село, која го спроведува проектот „Унапредување на системски недостатоци – поддршка на реформите во системот за заштита на деца“.

 Проекото има за цел да придонесе за реализација на стратегијата за деинституционализација, за што СОС Детско село започнувајќи од почетокот на мај, ќе почне кампања за подигнување на  свеста за значењето и бенефитите на програмата за згрижување на деца во рамки на која ќе се одржат настани од јавен карактер во 25 општини низ државата.

 Градоначалникот Коњановски, изрази подготвеност за соработка на општината Битола  со организаторите, со цел заеднички  да се придонесе во обезбедувањето на подобри услови за децата кои имаат потреба да бидат згрижени.

Со оваа кампања се  очекува да се постигне зголемување на бројот на потенцијални згрижувачи и креирање на достапна мрежа згрижувачки/роднински семејства  не само во Битола, туку и низ целата држава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*