Home / Култура / Канцеларија за престижниот филмски фестивал “Браќа Манаки“ ќе биде отворена и во Битола!?

Канцеларија за престижниот филмски фестивал “Браќа Манаки“ ќе биде отворена и во Битола!?

По оставката на актерката Лабина Митевска која од лични причини се повлече од директорката функција на филмскиот фестивал “Браќа Манаки“  за како што истакна да се посвети на професионалната кариера, и по назначувањето на новиот директор Димитар Николов-Таки за прв човек на Филмскиот фестивал “Браќа Манаки“, веќе се прецизираат првите насоки како ќе изгледа новото издание на интернационалниот филмски фестивал во Битола, со цел да го задржи реномето по кој е препознатлив.
Имено, новиот прв човек на “Браќа Манаки“  остварил средба деновиве со градоначалникот на Битола, Владимир Талески, се со цел да дефинираат како ќе се организира овогодинешното издание на Фестивалот на филмска камера “Браќа Манаки“.
Инаку, програмата на новиот директор Николов може да се најде на веб страницата на Друштвото на филмски работници.
Меѓу позначајните активности ги наведува: Фестивалот да го направат достоен за да биде категоризиран, како и во соработка со градот да се воведат професионалци кои 365 дена ќе се грижат за фестивалот.
Градоначалникот на Битола, Владимир Талески вели дека е благодарен на сите директори претходно, но особено на Лабина Митевска со која имале одлична соработка.
А токму отворањето на канцеларии за Фестивалот во Битола и Скопје се едни од позначајните активности на кои ќе се фокусираат во периодот што следува, се со цел и годинава Фестивалот на филмската камера “Браќа Манаки“  да биде центарот за филмската уметност не само на Балканот туку и во Европа.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*