Home / Uncategorized / Карпош мобилизиран за престојниот “BLACK FRIDAY”

Карпош мобилизиран за престојниот “BLACK FRIDAY”

Во пресрет на најавениот “Black Friday” во Скопје Сити Мол, Општина Карпош презема конкретни мерки за спречување на сообраќајниот метеж во овој дел од градот.

Овој популарен шопинг настан кој им овозможува на граѓаните да купуваат по пониски цени е вистинска атракција за посетителите на Сити Мол, но, и сериозен проблем за сообраќајот и паркирањето во овој дел на Карпош.

За оваа цел, локалната самоуправа информираше повеќе надлежни институции меѓу кои: Полициската станица – Карпош, Градски Паркинг – Скопје, како и Полициска станица “Пролет”.

Општината побара поголемо присуство на сообраќајната полиција и пајак службите за да се спречи сообраќајниот хаос кој постојано се случува на овој потег.

Исто така, како што е договорено со претставниците од Управата на ТЦ “Сити Мол”, службите на шопинг центарот дополнително ќе ги насочуваат возилата на вториот влез на ул. “Љубљанска” кој е неодамна отворен (кај СЦ “Партизан”) и на третиот влез на ул. “Манапо”.

Општина Карпош апелира до сите граѓани, сопственици на моторни возила да ги почитуваат сообраќајните правила и насоките дадени од надлежните служби.

Паркирањето на возилата на зелените површини или на тротоарите ќе биде строго санкционирано.

Инаку, локалната власт, во соработка со Град Скопје веќе презема мерки за трајно решавање на проблемот со паркирањето во овој дел на Општината.

Ова е еден од најгорливите проблеми за граѓаните од Карпош 3 и Карпош 4 и обезбедувањето на ред и мир во овој дел од Карпош е заеднички приоритет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*