Home / Uncategorized / Ќе се формира мрежа за справување со говорот на омраза

Ќе се формира мрежа за справување со говорот на омраза

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска иницира формирање мрежа за справување со говорот на омраза во медиумите.

На денешната средба во хотел Мериот во Скопје присуствуваа претставници на професионалните медиумски и новинарски здруженија, државни тела за заштита на човековите права, државни и регулаторни тела и граѓански организации.

Процесот за приклучување кон иницијативата е отворен за сите заинтересирани организации, здруженија, институции и медиуми кои работат на јазиците на различните заедници.

Заинтересираните за приклучување кон иницијативата можат да се обратат до СЕММ како координатор на иницијативата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*