Home / Uncategorized / Ќе се гради нова градинка во АРМ

Ќе се гради нова градинка во АРМ

  • Со цел да се намали бројот на деца кои чекаат за прием во детските градинки, Општина Битола превзема низа конкретни мерки, меѓу кои и изградбана нова детска градинка во населбата АРМ.Проектот детска градинка во АРМ четврт-два, зафаќа површина на градежната парцела од 2189 м2, додека површината на градба, предвидена за објектот детска градинка П+1, ќе зафаќа 1618 м2.Во тек е постапка за јавна набавка за изработка на основен проект за изградба на детска градинка ГП 15.3 во АРМ чет.2 во Битола согласно ДУП и согласно проектна програма. Комисијата е во фаза на евалуација на пристигнатите понуди за изработка на основен проект за изградба на детска градинка. По изборот, Општина Битола ќе склучи договор за изработка на основниот проект. Целосната проектна документација ќе биде одобрена од страна на Министерството за труд и социјална политика, кое го дава Решението за функционирање на градинката. Со оглед на постојаниот пораст на бројот на деца, чии родители сакаат нивно згрижување во градинките, Општина Битола работи и на можностите за проширување на постоечките капацитети на градинките, а конкурира и на проекти за нови објекти наменети за детски градинки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*