Home / Uncategorized / Ќе се обештетат сите стечајни работници

Ќе се обештетат сите стечајни работници

Веднаш ќе бидат обештетени сите стечајни работници од фирмите во општествена, односно државна сопственост, кои ги исполнуваат условите за тоа. Доколку има потреба, за решавање на барањата за кои ќе се процени дека не исполнуваат одреден услов, може да се размислува за амандманска интервенција во законот. Сакаме целосно да го затвориме прашањето со стечајците, порача министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

– Нема селекција на фирмите. Опфатени се сите фирми согласно законот што биле во општествена, односно државна сопственост. Се примаат сите барања во моментов и имаме рок од 60 дена да ги решиме. Сите кои согласно законот ги исполнуваат условите ќе бидат решени веднаш во првиот бран. Барањето се остварува од моментот на поднесување. Доколку тоа е поднесено на 25 септември од тогаш и ќе им важи правото на надомест на стечајците, рече министерката.

 За оние барања, потенцира таа, за кои ќе се увиди дека е потребно амандманско дополнување на законот ние сме подготвени тоа да го направиме.

– Важно е со Агенцијата за вработување да ги обештетиме сите стечајни работници, кои ги исполнуваат условите согласно постојниот закон,  а потоа да се види кои измени на законот  треба да се направат. Како Влада решени сме конечно да го затвориме прашањето на стечајците и во таа насока и работиме, а тој ќе биде целосно решен, рече министерката за труд и социјална политика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*