Home / Градска хроника / Ќе се обнови соработката со збратимениот град Херцег Нови

Ќе се обнови соработката со збратимениот град Херцег Нови

Висока делегација од Црна Гора, предводена од амбасадорот Предраг Митровиќ, заменик-градоначалникот на збратимениот град Херцег Нови, почесниот конзул Мики Андријашевиќ, културни работници и туристички промотори, викендов беа во посета на Битола и остварија работна средба со градоначалникот Владимир Талески.

По средбата беа посочени одличните односи  меѓу Македонија и Црна Гора во сите сегменти и унапредување на досегашната соработка меѓу Битола и збратимениот град Херцег Нови.

-Оваа средба со градоначалникот Талески и посетата на Битола се потврда за одличните односи меѓу Македонија и Црна Гора и во оваа прилика можам да истакнам дека во следната 2017 година, соработката на културен план ќе биде на многу повисоко ниво- истакна амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Предраг Митровиќ.

На средбата беше истакнато дека конструктивната соработка ќе се унапреди и подигне на повисоко ниво.

Во иднина се планира потесна соработка на Битола и Херцег Нови. Во тој контекст во Битола беа промо-вирани туристичките потенцијали на Херцег Нови, а во иднина се планира и соработка на филмскиот фестивал “Браќа Манаки“ со филмски фестивал од Црна Гора.

-Договориме соработка во повеќе сегменти, но најважно е да ја воспоставиме во делот на стопанството. Црна Гора и Македонија се пријателски земји и тоа е одличен предуслов за заедничка соработка. Културата е таа која спојува и токму културната и духовната релација за брзо време ќе ја надградиме и ќе оствариме конкретна соработка. Планираме таа да биде со филмските фестивали “Браќа Манаки“ и филмски фестивал од Црна Гора која ги има неколку – рече градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Во саботата, во Битола беа  промовирани црногорските и херцегновските туристички потенцијали, а на Широк сокак  се одржа дефиле на мажоретки придружувани од градски оркестар.

 

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*