Don't Miss
Home / Uncategorized / Кичевчанец отвора регионална телевизија во Битола?!

Кичевчанец отвора регионална телевизија во Битола?!

Според засега (не)потврдени информации на порталот на Битолски весник, наскоро од Битола ќе се емитува програма на кичевска телевизија.
Иако, за тоа никој не сака да зборува јавно, сепак од добро информирани извори дознаваме дека сопственикот на телевизијата, кој за прв човек на телевизијата во Битола го поставил еден познат битолски музичар и композитор, деновиве веќе водел интензивни преговори со некои битолски новинари како и со технички кадар: камермани, монтажери, сниматели, продуценти, за нивно преминување во телевизијата.
Седиштето на телевизијата ќе биде во битолската касарна, каде веќе се завршени работите на студиото.
Засега, не е познато кој стој зад оваа (регионална ) телевизија и кои се намерите на кичевчанецот, но има шпекулации дека таа ќе предизвика тектонски поместување во битолскиот медиумски простор.
Чудно е како кичевчанец се одлучил да отвора телевизија во Битола, кога поради кризата голем број фирми масовно ги раскинуваат договорите за реклами, а приватниот сектор одамна расчистил со своите намери за рекламирање.
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*