Home / Спорт / Кој го држи РК Пелистер во шах-мат позиција

Кој го држи РК Пелистер во шах-мат позиција

             Дали,по речиси 65 години од основањето, ракометниот клуб Пелистер заминува во историјата?

          Неодамна  со согласност на Советот на општината  Битола, сопственик на 75 од сто од акциите на РК Пелистер требаше да биде  ракометниот клуб Еурофарм Работник.

          Советниците  и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска  начелно ја прифатија понудата на Еурофарм Работник да ги купи акциите на Пелистер.

          Со таквата одлука  е предвидено во наредниот период  општината Битола ќе има само 25 отсто од акциите, додека сопственик на останатите 75 од сто од акциите ќе биде Еурофарм Работник.

          По ваквата трансакција  се планира во иднина новиот клуб ќе се вика Еурофарм Пелистер.

          Што ќе стане со  името  Работник, кој досега беше дел од клубот Еуорафрм (Работник) засега никој не знае.

          Засега не е познато ни тоа  како ќе се вика втората екипа која ќе се натпреварува во Супер ракометната лига. Дали клубот ќе се вика Еурофарм Работник, или само Еурофарм, останува непознато, бидејќи тоа не е прецизирано ни во Платформата.

           Тоа што се знае  е дека во наредните 5 години  Општната Битола се обврза да исплаќа по 15 милиони денари за финансирање на екипата на Еурофарм Пелистер.

          Иако со  преименувањето на клубот, Еурофарм Работник во Еурофарм Пелистер  луѓето кои ја одобрија ваквата “купо -продажба “ твдрат дека со тоа Пелистер нема да згасни и дека тој клуб  дури ќе игра во Лигата на шампионите, сепак повеќе од јасно е дека со купувањето на Пелистер, новиот сопственик го третира  битолскиит клуб како “ спонзор”, бидејки во спротивно ќе се согласеше клубот да се вика Пелистер Еурофарм.

          Но во овој “ трансфер “ се потврди правилото  дека  РК Пелистер не беше во ситуација да условува, туку  буквално да ги исполни сите барања на Еурофарм, кој со успесите кои ги постигна во последните две – три години се наметна како моќен ракометен колектив, но искрено речено кој ни оддалеку нема историја како Пелистер.

          Иако раката на срце, екипата на  Еурофарм  Работник во моментот има мошне добри резултати и меѓународни успеси, особено во СЕХА Лигата, во која деновиве го совлада дури и Веспрем сепак факт е дека РК  Пелистер е клуб со  65 години традиција и дека Пелистер е клубот кој ја запиша Битола како најракометен град не само во Македонија и екс Југославија, туку и во Европа.

          РК Пелистер зад себе има богата клупска историја.

          РК Пелистер  од сезоната 1983/84 стана стандарден член Првата сојузна  ракометна лига на Југославија.Во 1986 година  Пелистер  стана првиот македонски клуб кој играше  во некое европско натпреварување, кога играше против  Атлетико Мадрид.  Од бројните успеси  би ги споманле  кога во сезоната 1985/86  го освои третото место во Првата лига.  Пелистер во сезоната 1986/87. и 1987/88. го освои второто место, двапати зад тогашната доминантна  Металопластика. Како второпласиран беше во сезоната 1988/89 и играше   во ЕХФ Купот, и го оствари својот дотогаш најдобар резултат, стигнувајќи до четвртфиналето, каде во двомечот бил поразен од источногерманскиот Форвертс (35:38).

Откако, во 1992 година, се формира Супер лигата на Македонија, Пелистер стана најуспешен клуб, освојувајќи пет титули од вкупно осум одиграни сезони.

 Исто така, во тој период освои и четири трофеи на Националниот куп, 1994, 1996, 1998 и 1999 година.

Пелистер во сезоната 1995/96, стигна до полуфиналето во Европскиот куп на победници, каде за противник го имаше германскиот Лемго. Во првиот натпревар  во гости Пелистер беше поразен со 25:23, но во реваншот победи со 24:23 но  тоа не беше  доволно, па Лемго отиде понатаму и на крајот го освои трофејот.

Најголемиот успех во европските натпреварувања Пелистер го постигна во сезоната 2001/02, кога  играше во финалето на Челинџ купот. Во финалето Пелистер беше поразен од данскиот Скјерн.

          Дека  по купородажбата на Пелистер не е баш се како што треба, најдобра потврда е што ракометарите на Пелистер по најавата за продажбата на клубот, едноставно си заминаа, а од составот кој играше во минатата сезона останаа само два- тројца ракометари. Засега на стенд бај е и Управата на клубот, бидејки во иднина во  клубот Еурофарм Пелистер општината Битола ќе биде преставане само со двајца преставници од Општината.

            И додека Еурофарм бележи успеси на меѓународната ракометна сцена, екипата  на РК Пелистер губи дири од новајлииите во Супер ракометната лига во Битола.     

            Тренерот Александар Зарков на располагање има само два -тројца ракометари од минатата сезона и играчи од младинската школа, која тој ја водеше.

             Дека нешто не е во ред со купо-продажбата најдобра потврда е што иако претседателот на Советит на последната седница најави одржување на итна седница на која советниците ќе расправаат за Платформата на Еурофарм, Работник за купување на РК Пелистер, сепак таква седница не се одржа.

            Тоа во голема мера влијае на  атмосверата во клубот, а и кај дел од кавносат во градот.

            Иако Еурофарм Работник игра во Лигата на шампионите и СЕХА лигата, нивните натпревари не ги следат навивачката група “ чкембари “ кои се незадоволни од начинот на кој се води купо-продажбата.

            Како и да е. По 65 години постоење РК Пелистер веќе не е клуб, кој игра значајн аулога  не само во европскиот ракомет, туку и на македонската ракометна сцена.

Во овој момент клубот е ни на небо ни на земја, без јасна перспектива за неговата судбина.

Љубителите на ракометот и симпатзиерите на Пелистер се љути и гневни од нетраспарентноста на купо-продажбата и поигрувањето со судбината на Пелистер, за кој се тргува и во  моментот кога  натпреварувањето во Супер ракометната лига е во тек.

          РК Пелистер не вреди само 25 илјади евра колку што (треба да)плати новиот сопственик, Еурофарм Работник.  Неговата цена е многу, многу пати поголема. Но тоа што најмногу вреди е историјата и традицијата на РК Пелистер која ја испишуваа генерации ракометари и со која никој нема право да си поигрува, без разлика во која функција се наоѓа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*