.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Вести / Коњановски даде виза линеарно да се покачат платите на администрацијата

Коњановски даде виза линеарно да се покачат платите на администрацијата

         

        Во Битола по  средбата на градоначалникот Тони Коњановски,  со претставниците на синдикатите и директорите на ЈП,  договорено е линерно покачување на платите од први август годинава, за 2806 денари.  

Градоначалникот  Коњановски, денес на прес конференција истакна дека  договорено е линеарно зголемување на платите на сите вработени во јавните претпријатија, почнувајќи од платата за месец август.

-За разлика од централните институции и Владата на Република Македонија, кои досега не покажаа слух ниту за потребите на граѓаните, ниту за работниците и работничките права, ниту пак за општините, локалната самоуправа во Битола, од првиот ден работи на подобрување на социјалниот дијалог со активно вклучување на сите засегнати страни, меѓу кои и јавните претпријатија, репрезентативните синдикати и работниците. Последиците од економската криза и пасивноста на Владата во однос на спроведување на економски мерки, ги чувствуваме сите и затоа мора да воведуваме функционални решенија.

Проблемот со ниските плати кај административните службеници во општината, надополнет со последиците од постојаниот раст на цените, го констатиравме веднаш по доаѓањето како нова локална самоуправа, поради што веднаш беше формирана комисија за подготвување на колективен договор за вработените во општинската администрација, на кој се работеше во изминатиот период и истиот на следната седница на Советот ќе биде образложен пред советниците, за потоа да може да се пристапи кон негово потпишување.

Општина Битола, како основач на јавните претпријатија, ќе овозможи нивна поддршка и субвенционирање за надминување на тешката состојба во која се наоѓаат, поради што од моја страна, беше дадена согласност за линеарно зголемување на платите на вработените во сите јавни претпријатија во износ од 2.806 денари и секако исплата на регрес за годишен одмор, согласно законската регулатива, исакна Коњановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*