Home / Uncategorized / Кога наместо помен се слави роденденот

Кога наместо помен се слави роденденот

Деновиве дел од вработените во  Радио Битола  во хотелот Епинал го прославија  68 роден ден на радиото.

За тие кои беа на свечениот ручек тоа беше одбележување на роденденот  на Радио Битола, кој почна да емитува сигнал пред 68 години.

Но за вработените кои не беа на прославата и наместо да слават роденден тие што беа во Епинал, требаше да ја одбележат 7 годишнината од затворањето на Радиото , за што најголмеиот број од нив се заслужни.

-Просто не можеме да се изначудиме. Како може да се слави роденден на умрен човек. Ако  славениците толку многу го сакаа духот на Радио Битола како што велат,  денес Радиото ќе беше живо. Тие наместо да се скријат, бидејки токму поради нив пропадна Радиото тие без срам и перде го слават роденденот на Радиото.

Не знам од кога на мртвите им се слави роденден. Колку што нас  ни е познато на мртвите им се пали свеќа и се држи литургија.

За да го исчистат гревот што го носат за гаснењето на Радио Битола  славениците требаше да му запалат свеќа, а не да дуваата свеќи на роденденската торта, велат дел од вработените кои не беа поканети на роденденската прослава на Радио Битола.

И навистина невкусно е да се слави роденднот на радиото, кога тоа веќе 7 години не работи. Кога такви прослави  би практикувале сите фирми кои пропаднале во Битола би имало прослави секој ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*