Don't Miss
Home / Uncategorized / Колевски:ВМРО нема право да зборува за иселувањето на младите

Колевски:ВМРО нема право да зборува за иселувањето на младите

Лидерот на опозицијата, при својата посета на Битола, повторно се наврати на проблемот со иселувањето на младите, кој не беше толку актуелен за нив кога немо го следеа најбројното исселување на нашите другари и другарки, рече на денешниот прес Васко Колевски од СДММ Битола.

Според младиот Колевски ваквата состојба е болен проблем со кој нашата држава се соочува повеќе од една деценија.

-После многу претходни неуспешни мерки и обиди, нашата влада конечно имплементира низа решенија кои резултираат со намалување на бројот на иселени млади. Само како потсетување, во 2015 година се иселија рекордни 20.562 млади! Во само една година! Во истата таа, 51% беше стапката на невработеност кај младите, обвини тој.

Подмадокот на СДСМ-Битола вели дека младите бараат развиена економија и можности за напредок,  подобро образование и можности за вработување. Зголемувањето на минималните плати, овозможувањето на платена пракса, стипендиите и финансиската помош за образование на децата од ранливите категории, поддршка на надарените и талентираните деца, ставање во употреба на младинската картичка  и поддршка на разни видови проекти од областа на млади и спорт.

-Ова  се само дел од мерките кои оваа влада ги презема за да понуди иднина за младите дома и со тоа да се намали одливот на мозоци од РСМ, рече Колевски додавајќи дека иако Владата на РСМ предводена од СДСМ и коалцијата прави напори за да се надмине исселувањето на младите, опозицијата работи само на создавање  нереална слика дека не се превзема ништо за оваа ситуација да се спречи.

– Се користи секоја прилика за да се манипулира со јавноста, родителите и со младата популација. Се критикува секој обид за напредок, но младите поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ во Битола уште еднаш не потсетија за вирусот на ВМРО ДПМНЕ за предизвикување на нерегуларности и измами, крадење и кршење кутии на УКИМ со цел спречување студентите легитимно да изберат свој претставник, тепаа студенти по библиотеки, и со состојбата која ја создадоа, придонесоа за историски најголемото отселување на младите, обвини тој.

Колевски со порака „ние избираме Европска иднина со европски вредности, принципи и здрава демократија, и покрај критиките, владата ќе продолжи со мерките за задржување на младите. Уверени сме дека со вистинските промени на клучните нешта, младите почнаа својата иднина да ја гледаат во својата татковина и да не размислуваат за исселување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*