Home / Вести / Комеморација за неодамна починатиот претседател на пензионерите Томе Димитровски

Комеморација за неодамна починатиот претседател на пензионерите Томе Димитровски

Семејството, пријателите, членови на Здружението на пензионири, неговите пријатели  денеска се простија со неодамна починатиот претседател на Здружението на пензионери во Битола, Томе Димитровски. Со едноминутно молчење присутните му одадоа почит на Димитровски, а во името на пензионерите се обратија актуалната претседателка на битолското Здружение, Даница Петличкова и Станка Трајкова, претседател на Сојузот на здруженијата на пензионери во земјава.

-Има една мисла која што вели дека човекот е жив додека се споменува неговото име и дело. А делото што го направи Томе Димитровски во сито негови сфери на животот и работата, посебно во пензионерското ангажирање,  нема никогаш да биде заборавено. И покрај огромната енергија која што ја поседуваше за успешното работење на Здружението, како и односите во СЗПМ каде што беше член на Извршниот одбор, потоа огромен број на пријатели стекнати во неговото професионално работење и како познат спортист, сепак не успеа да се избори со големиот и невидлив непријател вирусот Ковид 19. На 31 март 2021 година престана да чука неговото големо и благородно срце. Го напушти своето семејство, другарите, пријателите и соработниците. Ако некој имаше заслуга за формирањето на овај состав на органите и телата на Здружението тоа беше претседателот Томе. Со својата упорност,залагање и знаење и нештедење на времето со неколку свои соработници успеа да го организира формирањето на новиот состав на Здружението. Во период од нецели три години остави силен впечаток и резултати, кои ке останат во сеќавање и ќе бидат поттик за сите нас да го продолжиме неговото дело, рече Петличкова на Комеморацијата во чест на Димитровски.

 Ангажманот на Димитровски за подобрување на пензионерскиот живот на сите нивоа, не смее да биде заборавен, рече Станка Трајкова, претседател на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија

-Томе Диммитровски ќе биде запаметен како исклучително позитивна личност, раководител и општественик кој по пензионирањето активно се вклучи во пензионерскиот живот, давајќи голем придонес истиот да биде поквалитетен, подостоинствен, подобар за секој поединец. Томе Димитриовски покрај во нашето Здружение, беше активно вклучен во органите и телата на Сојузот на здруженијахта на пензионери на Македонија, каде даваше конструктивни предлози за разрешеување на одредени проблеми, како и решенија за унапаредување на пензионерското организирање на сите нивоа. Загубата што не е со нас е голема, но, најголема е за неговите најблиски. Да се потсетуваме на Томе и да не дозволиме сето она што го даде за Здружението и за Сојузот да замине во заборав, од срце посакувам споменот да му биде вечен, додаде Трајкова. 

Пред присутните се обрати и градоначалнилката Наташа Петровска.

-Томе го знаеме како човек кој што ја имаше топлата насмевка, ја имаше мудроста, искуството, трпеливоста кон секого. Така го паметам јас, а убедена сум дека така ќе го паметиме сите. Минливо е се што се случува во нашиот живот, но она што не е минливо, што останува трајно и она што го вградуваме во семејството, а тоа Томе го направи многу успешно и остави нешто да продолжи квалитетно и по неговото физичко постоење. Го знам доста долго, со целокупниот општествен ангажман и тука, околу, постојано го гледам неговото присуство. Го чувствувам и сега и затоа сум дел од сето ова за да укажам почит на човекот кој сето ова го заслужуваше, рече Петровска.

Томе Димитровски, почина на 72 годишна возраст на 31 март годинава, од последици предизвикани од коронавирусот. Тој беше претседател на Здружението на пензионери во Битола и поранешен раководител на Агенцијата за вработување подрачно одделение Битола.

Димитровски беше правник по професија, ценет и уважен меѓу своите колеги и соработници. За претседател на Здужението на пензионери беше избран во 2018 година, каде се истакна со голем број активности за подобрување на пензионерскиот стандард, солидарност, но и хуманитарни акции за помош на поединци, пензионери, институции и установи, посебно во периодот на борба против пандемијата со КОВИД-19

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*