Don't Miss
Home / Вести / Компанијата “Кромберг Шуберт “ со поддршка за вакцинацијата во Битола

Компанијата “Кромберг Шуберт “ со поддршка за вакцинацијата во Битола

Компанијата  “Кромберг Шуберт “  ДООЕЛ Битола  се вклучи во поддршка на процесот на имунизација кој се одвива во Битола.

            -Свесни дека секојдневно во спортската сала на медицинското училиште од Битола се одвива процесот на вакцинација, можеме да претпоставиме колку труд и енергија вложуваат медицинските лица кои се дел од персоналот во вакциналниот пункт. Цел овој процес за секој поединец кој се вакцинира можеби изгледа кратко, но треба да имаме предвид дека медицинските лица работат многу часови и секојдневно вакцинираат по стотици граѓани.Со цел да биде подршка во овој процес, компанијата Кромберг & Шуберт позитивно одговори на барањето од страна на ЈЗУ Здравствен дом “Д-р. Хаим Абраванел“ и донираше шишиња вода за пиење како и средства за дезинфекција и хигиена.

“Кромберг Шуберт “  ДООЕЛ Битола во многу наврати, со дела, секогаш ги поттикнува и поддржува позитивните активности во градот и регионот. Па затоа, и овој пат, ги бодриме сите да земат учество во акцијата за вакцинирање против корона вирусот бидејќи само на тој начин ќе создадеме колективен имунитет, а тоа е од пресудна важност за да се стави крај на пандемијата, велат од Компанијата “ Кромберг и Шуберт“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*