Home / Вести / Кондовски го промовираше проектот за подземна сообракајница и гаража

Кондовски го промовираше проектот за подземна сообракајница и гаража

Кандидатот за градоначалник на СДСМ Христо Кондовски денес го престави проектот за изградба на подземна сообраќајница и гаража кои треба да го решат проблемот со сообраќајниот метеж во Битола. Улицата „Димитар Илиевски -Мурато“ е една од најфрекфентните сообраќајници со дневен промет кој се мери со илјадници возила. Во шпицот на денот тука минуваат и по 1600 возила во еден час.Вкрстувањето на оваа улицасо Широк Сокак ја прави и една од најтесните грла, поради што во летниот период вечерно е блокирана и неупотреблива. 

„Дополнително, енормната потреба од паркинг простор, плоштадот „Гоце Делчев“ наместо прекрасно и оплеменето градско јадро е претворен во општински паркинг, што ја грди Битола. Токму затоа, ќе биде извршено пробивање на подземната сообраќајница кај хотел „Епинал“ (Ул. Димитар Илиевски – Мурато) со што „Широк Сокак“ ќе стане континуирана пешачка зона.  Подземната сообраќајница ќе води до подземна гаража со капацитет од 250 возила, која ќе се реализира во неколку фази, а со која плоштадот Гоце Делчев ќе се претвори во прекрасно партерно уредено катче на задоволство на битолчани. Со ова решение драстично ќе биде намален застој и гужвите во центарот на Битола. Ќе се изградат подземни паркинг места кои го ослободуваат плоштадот. Пристапот до околните дуќани и стамбените единици ќе биде поприкладен“, рече Кондовски. 

Со овој проект партнерно ќе се уреди централното градско подрачје, ќе се зголеми безбедноста на пешаците, ќе се овозможи непречен сообраќај во текот на целата година и што е исклучително важно ќе се намали загадувањето на воздухот. Овој проект ќе чини 4 милиони евра. Неговата реализација ќе биде завршена во рок од три години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*