Home / Вести / Кондовски на средба со конзулите

Кондовски на средба со конзулите

Битола е европски космополитски град. Но, сега тој статус треба да се стави во функција на уште поголема промоција на Општина Битола и засилување на нејзината улога во меѓународната соработка.

Ова денеска го истакна кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски, на средба со конзулите, во присуство на пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска и носителот на советничката листа на СДСМ, Д-р Александар Димовски.

„Денеска со конзулите ја разгледавме потребата од засилен ангажман во областа на промоцијата на брендот на конзулска Битола, размена на делегации со други држави, подигнување на нивото на соработка со збратимените градови и отворање на нови можности за меѓународно образование и мобилност на битолските студенти. Воедно, разговаравме и за важноста од отворање на Europe House во Битола, како ново катче каде секој граѓанин, но и секој посетител на Битола ќе може да ги почуствува европските вредности на битолско тло.“-рече тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*