Don't Miss
Home / Вести / Кондовски на средба со Здружението на слепи лица

Кондовски на средба со Здружението на слепи лица

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Битола, Христо Кондовски оствари средба со Здружението на слепи лица.

„Да се одигра партија шаx со лицата со оштетен вид е прилика да се слушнат нивните барања и проблеми со кои се соочуваат во секојдневието.

Со Претседателот на Здружението на слепи лица, Стевче Костадиновски, разговаравме за потребата од доопремување на Ресурсниот центар во Битола со компјутер и печатар со Брајово писмо, специјално наменето на лицата со слаб вид, како и за унапредување на условите за движење и превоз.

Да не целиме веќе кон минимални, туку максимални европски стандарди кои ќе го унапредат квалитетот на живот на оваа категорија граѓани!“-изјави тој по средбата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*