Don't Miss
Home / Избори 2021 / Кондовски: Обединети ќе го донесеме најдоброто за Битола!

Кондовски: Обединети ќе го донесеме најдоброто за Битола!

Зарем не е прекрасно кога сите заедно, обединети застануваме зад едно нешто – Најдоброто за Битола! Нашата желба за обединување на сите граѓани на Битола зад заедничката цел за подобар живот за сите во Битола, е препознаена и тоа е она што не води секој нов ден да истраеме и да го донесеме најдоброто за сите категории граѓани во нашата Општина.

Со овие зборови денеска кандидатот од СДСМ и коалициските партнери за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски, се обрати до кандидатите за советници и голем број поддржувачи.

Дождот не ги спречи да се соберат пред Офицерскиот дом во Битола, сите во црвено за да упатат порака за обединетост кон една заедничка цел – Најдоброто за Битола!

Од тука потоа ја продолжија секојдневната комуникација со граѓаните со цел што повеќе битолчани да можат да слушнат за проектите кои ќе донесат најдобри решенија за Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*