Home / Вести / Кондовски во посета на болницата Плодност оствари средба со примариус д-р Таше Трпчевски

Кондовски во посета на болницата Плодност оствари средба со примариус д-р Таше Трпчевски

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Битола, Христо Кондовски заедно со носителот на листата на СДСМ д-р Александар Димовски, беше во посета на болницата Плодност каде остварија средба со примариус д-р Таше Трпчевски.

„Особена чест ми беше да остварам средба со примариус д-р Таше Трпчевски, човекот кој прв во нашата држава ја воведе оперативната лапароскопија во областа на хуманата репродукција !

Прв во Битола ја воведе и методата на ин витро оплодување !

Основајќи ја специјалистичката гинеколошко-акушерска приватна болница Плодност, овој врвен професионалец заедно со својот тим секојдневно обезбедува најдобра можна заштита за здравјето на пациентите по најнови светски стандарди ! Со примена на најсовремени методи на хуманата репродукција  досега усреќиле многу семејства со детски насмевки, не само во нашиот град и држава, туку и пошироко.  

Како битолчанец горд сум што имаме ваков доктор од светски ранг!

Но, д-р Трпчевски треба и да го задржиме, да го охрабриме да опстои на своите планови за доградба на болницата. Да го поддржиме во плановите за инвестиција во нова дневна болница и референтен центар за болка, нов ин витро центар, компјутерска томографија, ренген и интернистички амбуланти, како и во плановите што ги има во областа на кардиологијата.

Тој ми кажа дека од идната локална самоуправа очекува зголемена ефикасност во однос на процедурите поврзани со дозволите за градба согласно со законските прописи.

Го информирав дека моето мото е ефикасноста и примената на законите за сите кои инвестираат во Битола, а локалната самоуправа е таа која ефикасно треба да го поддржи тој процес согласно со законските прописи!“-изјави Кондовски по средбата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*