Home / Македонија / Конститутивната седница на Собранието ќе се одржи утре во 13 часот

Конститутивната седница на Собранието ќе се одржи утре во 13 часот

Седницата на Собранието на која ќе бидат верификувани пратеничките мандати ќе се одржи утре во 13 часот.

Седницата ја свика претседателот на поранешниот пратенички состав Трајко Вељаноски, а со неа ќе претседава исто така тој.

Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов е должен 10 дена по формирањето на новиот пратенички состав, мандатот за состав на Владата да го довери на кандидатот на партијата, односно на партиите кои имаат мнозинство во Собранието.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*