Home / Култура / Концерт на унгарско џез дуо

Концерт на унгарско џез дуо

Вечерва,   со почеток во 19 часот, унгарското џез дуо, Вероника Харча и Балинт Ѓемант ќе одржат концерт во НУ Центар за култура – Битола.

Унгарската популарна џез пејачка, добитничка на повеќе музички награди, Вероника Харча и гитаристот Балинт Ѓемант соработуваат уште од нивните студентски денови на Музичката академија „Франц Лист“, Будимпешта.

Снимиле четири успешни албуми со квартетот на Вероника Харча, а потоа решаваат да работат како дуо и го снимаат нивниот петти заеднички албум. Промовирањето на дуото “Lifelover“ се случи во преполна сала во Палатата на уметностите, најдобрата концертна локација во Будимпешта.

Вероника Харча и Балинт Ѓемант заедно го поставуваат репертоарот на “Lifelover“.

Песните се мелодични а во исто време претставуваат креативни импровизации.

Текстовите се напишани од Вероника засновани на нејзиното лично искуство и инспирација, како и на нејзините претходни албуми.

Живеат на релација Будимпешта-Берлин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*