Home / Uncategorized / Корона вирусот ги погоди иселениците во САД

Корона вирусот ги погоди иселениците во САД

Корона вирусот во гоелма мера ги погоди и нашите иселеници во САД.

Според информации на Битолски весник голем број наши иселеници во САД веќе ги загубија своите работни места.

-Како и во цел свет исто и тука животот застана. Во Њујорк се затворени сите ресторани, угостителски објекти, кафулиња, доскотеки.

Над 50 години сум во Њујорк но тој вака никогаш не изгледал, ни вели нашиот соговорник од Њујорк.

Тоа што посебно ги (ис)плаши иселениците во САД е што поради губењето на работноте места не можат да ги сервисираат кредитите, па се плашат да не ги изгубат куќите и бизнисите.

Според нив оваа криза потешко ќе ги погоди од кризата во 2008 год.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*